2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на акциите на Ericsson по најавите за послаби деловни резултати

Пад на акциите на Ericsson по најавите за послаби деловни резултати

A general view of an office of Swedish telecom giant Ericsson is seen in Lund

Акциите на шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ericsson загубија повеќе од шестина од вредноста, откако оваа компанија навести значително пониски деловни резултати во третиот квартал.

Акциите на Ericsson изминатата година и половина загубиле половина од вредноста, а во среда преку 17,5 отсто.

Продажбата на компанијата опадна 14 отсто во периодот јули-септември во однос на истиот период минатата година, на 51,1 милијарда пведски круни, односно 5,2 милијарди евра, соопштено е од Ericsson.

Добивката од редовното работење, според проценката на компанијата, би можело да падне на 300 милиони шведски круни во третото тромесечје, во однос на 5,1 милијарда круни од истиот квартал минатата година.

Причина за тоа се слабата побарувачка во Русија и на другите пазари во развој.

Шведската компанија претходно најави укинување на 3.000 работни места во Шведска, како дел од реорганизацијата во работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП