2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛесно е кога си Бекам, нови 20 милиони на неговата сметка

Лесно е кога си Бекам, нови 20 милиони на неговата сметка

DavidBeckhamLivingforSport3_2931407

Британскиот телевизиски канал „Скај“ објави дека поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам ќе се приклучи на тимот како „спортски амбасадор“.

Бекам според овој договор ќе добие 20 милиони фунти за следните пет години, а износот нема да оди во добротворни цели, како што е случајот со неговата плата од ПСЖ.

Сумата е десет пати поголема од онаа што ја добива играчот на Тотенхем, Герет Бејл за истите функции во рамките на три годишениот договор. Главениот аналитичар на „Скај”, Гери Невил неофицијално исто така добива значително помалку од Бекам.

Дејвид Бекам ќе има за задача да го рекламира создавање на услови за детски фудбал во Велика Британија и Ирска, како дел од иницијативата на компанијата – „Живеј за спортот“. Тој исто така ќе учествува во промотивни спотови на каналот.

„ „Скај“ ја следи мојата кариера од моментот кога заиграв за првиот тим на Манчестер Јунајтед. Тие прават огромни напори да го промовираат и да го поттикнат учеството во спортскиот живот во Велика Британија и сум среќен да се приклучам кон нивниот тим. Возбуден сум од можноста да работам со „Скај“ за да можам да го пренесам моето знаење на следните генераци”, изјави Бекам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП