2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS влегува на пазарот на недвижности во Бразил

UBS влегува на пазарот на недвижности во Бразил

ubs1222

Швајцарската банка „UBS Group AG“ потпиша партнерство со бразилската консултантска компанија „Real Estate Capital“ (REC), соопштува „Ројтерс“.

Банката сака да ја искористи зголемената побарувачка од страна на институционалните инвеститори, кои се заинтересирани за можностите на пазарот на недвижности во Бразил, наведува новинската агенција.

Партнерството ќе биде предводено од Моис Полити, поранешен извршен директор и ко-основач на консултантската компанија „Brazilian Finance & Real Estate SA“ (BFRE).

Заедничко вложување ќе се фокусира на градовите Рио де Жанеиро и Сао Паоло преку бизнисот на „UBS Global Real Estate“.

„Продолжуваме да гледаме дека интересот на институционалните инвеститори кон алтернативни средства се засилува на глобално ниво. Идентификуваме силна побарувачката на инвестициски имот во Бразил и затоа го прошируваме капацитетот на единицата за имот, за да одговориме на потребите на нашите клиенти“, коментира Улрих Корнер, претседател на „UBS Asset Management“, во соопштението.

Во последните две години пазарот на имот во Бразил претрпе тежок пад поради политичката криза во земјата, како и падот на цените на нафтата. Голем број на големи инвеститори одлучија да се повлечат од пазарот, а неколку големи проекти, меѓу кои и еден на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, воопшто не се реализираа.

Трендот сепак очигледно почнува да се врти. Инвеститорите веројатно сметаат дека пазарот на недвижности во Бразил или веќе го достигна дното, или наскоро ќе се стабилизира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП