16 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot ќе предложи спортски 3008

Peugeot ќе предложи спортски 3008

sport-3008-gti

Компанијата „Peugeot“ продолжува со воведување на амблемот „GТi“ на своите модели. Откако кросоверот „2008“ доби слична верзија, наскоро тоа ќе се случи и со големиот „SUV“ – „3008“.

Тоа го призна продукт менаџерот на францускиот производител Марион Давид, цитирана од „Auto Еxpress“.

Во моментов во палетата на моделот е вклучена верзија „3008 GT“, која е опремена со 2,0-литарски дизел мотор, кој развива моќност од 180 КС. Оваа модификација ужива релативно голем интерес кај клиентите на марката и затоа Французите одлучиле да направат уште еден чекор напред.

За таа цел кросоверот кој е изграден на продолжената модуларна платформа „EMP2“, ќе добие верзија со 1,6-литарски бензински мотор. Неговата моќност ќе биде 250 и 270 КС. Автомобилот ќе се нуди со преден погон и со самозаклучувачки диференцијал, па послабата опција ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 6 секунди, а помоќната за 5,8 секунди. И кај двете возила максималната брзина ќе биде ограничена на 250 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП