21 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW го смени името на големиот SUV

VW го смени името на големиот SUV

suvvw99

Новиот кросовер со 7 седишта на „Volkswagen“ нема да се нарекува „Teramont“, како што се тврдеше досега, туку „Atlas“. Ова го тврди весникот „Automotive News“, повикувајќи се на свои извори во германскиот концерн. Според информациите, премиерата на моделот е закажана за 27-ми октомври, а пред публика „SUV“ моделот ќе се појави за време на автосаемот во Лос Анџелес (18-28 ноември).

Името на возилото е во кршење на традициите, според кои теренеците на „Volkswagen“ добиваат назив со буквата „T“ – „Tiguan“ и „Touareg“. Затоа и се очекуваше кросоверот да се нарекува „Teramont“. Новиот модел сепак е наменет за пазарот во САД и локалната единица добила правото да го избере неговото име.

Уште во средината на септември „Volkswagen“ официјално потврди дека должината на автомобилот ќе биде 5004 мм, а и дека во палетата мотори ќе се најде 2,0-литарски турбомотор со 4 цилиндри и 228 КС и 3,6-литарски V6 со 238 КС. Производството на „Atlas“ ќе биде насочено во фабриката во Чатануга, Тенеси, а од 2017-та година ќе се составува и од заедничкото вложување „FAW“-„Volkswagen“ во Кина.

На изглед новиот „SUV“ ќе се доближува максимално до концептот „CrossBlue“ претставен во 2013-та година. Ова ќе биде првиот модел на марката, произведен во Америка, кој ќе ја користи платформата „MQB“. Негови главни конкуренти на пазарот ќе бидат „Toyota Highlander“ и „Nissan Pathfinder“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП