27 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја откри потрошувачката на Prius Prime

Toyota ја откри потрошувачката на Prius Prime

prime-000

Светската премиера на новата генерација на „plug-in“ хибридниот „Toyota Prius Prime“ се одржа во март оваа година, а сега компанијата производител ги откри неговите најважни параметри – потрошувачката на гориво и километражата со едно полнење.

Новата „Toyota Prius Prime“ е за 26% поекономичен од својот претходник. Според податоците на производителот просечната потрошувачка на гориво во хибриден режим е 1,8 л/100км, а од компанијата тврдат дека тоа е најдоброто достигнување меѓу сите слични возила, понудени во моментов на пазарот.

prime-001

Покрај тоа „Toyota Prius Prime“ ги надминува своите конкуренти и во потрошувачката при движење само на бензин во градски услови – 4,3 л/100км, во приградски услови – 4,4 л, што ги прави во просек достигнување од 4,35 л/100 км.

Максималното растојание кое возилото може да го помине со едно полнење е 1030 километри. Само на електрична енергија километражата на „Prius Prime“ е над 40 километри при брзина до 135 км/ч. За споредба стандардниот „Prius“ поминува само 18 километри на струја.

prime-002

Во агрегатот на „Toyota Prius Primе“ влегуваат 1.8-литарски бензински мотор со 97 КС, електромотор и комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 8,8 kW/h. Полнењето од стандардната мрежа трае 5,5 часа, а од посебна станица за полнење околу 2 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП