11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung и покрај проблемите очекува раст на профитот

Samsung и покрај проблемите очекува раст на профитот

aboutmain_hero

Јужнокорејската електронска компанија „Samsung“ очекува квартално зголемување на оперативниот профит од 5,5 проценти, и покрај тоа што е соочена со проблемот со повлекување на своите смартфони ширум светот и настојувањето на акционерите да го поделат тој семеен конгломерат.

Во проценката за профитот која ги надминува проекциите на аналитичарите, „Samsung“ наведе дека неговиот профит од работењето во периодот јули-септември ќе изнесува 7,800 милијарди вони (7.0 милијарди долари), во однос на 7,390 милијарди вони од истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновите проценки се пониски од профитот од 8,100 милијарди вони колку што „Samsung“ заработи во вториот квартал.

Најголемиот светски производител на смартфони во последно време е соочен со турбуленции, бидејќи само неколку недели по лансирањето на новиот смартфон „Galaxy Note 7“ беше приморан на почетокот на септември да повлече 2,5 милиони уреди ширум светот поради пријавените случаи на самозапалување на батериите при полнењето.

„Note 7“ требаше да го поттикне растот на „Samsung“ во оваа година, чиј профит во последно време стагнира, оценува француската агенција.

Аналитичарите прогнозираа дека трошоците за повлекување на смартфоните ќе изнесуваат меѓу 1.0 и 2.0 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП