Дури 40% од европската продажба на „Nissan X-Trail“ отпаѓа на максималната модификација „Tekna“ што ги тера луѓето во јапонската марка да размислуваат за нова, помоќнa и полуксузна верзија на теренецот, пишува „AutoExpress“, цитирајќи свој извор во „Nissan Europe“.
Предметниот нов максимален „X-Trail“ ќе се појави со дотерувањето на моделот, кое е закажано за крајот на 2017-та година. Моделот ќе се спротивстави на врвните модификации на „Skoda Kodiaq“ и „Hyundai Santa Fe“ кои нудат моќност од 190-200 КС.
За таа цел „Nissan X-Trail“ ќе добие целосно нов 2,0-литарски дизел мотор со 190 КС и веројатно автоматска трансмисија. Најмоќниот дизел мотор кај овој модел е 1,6-литарски со 160 КС.
Новиот мотор ќе му обезбеди на „X-Trail“ посериозни можности за влечење, како и зголемена динамика. Во исто време моторот ќе обезбедува и исклучително ниски нивоа на штетни емисии, тврди весникот.
Во однос на опремата, „Nissan“ ќе ја додаде новата верзија „Premium“ која ќе демонстрира врвни материјали во кабината, како и најновите технологии. Меѓу нив ќе присуствуваат дури и систем за автономно движење.
Што се однесува до самото ажурирање на „X-Trail“, тоа нема да биде особено ново, па се очекуваат различни браници, светла и решетка.