6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДржавата го спасува Alstom

Државата го спасува Alstom

cq5dam.thumbnail.624.351

Француската власт порача голем број на брзи возови и локомотиви со цел да сочува една од фабриките на Alstom во која 400 работници се соочени со закана од отказ.

Тоа го изјави неименуван извор запознаен со ситуацијата.

Нарачката адресирана до фабриката во градот Белфор, на истокот од Франција, се однесува на 15 брзи возови за регионални услуги и на уште шест возови за релацијата Париз-Торино-Милано, пренесува агенцијата Франс прес.

Освен тоа, францускиот државен железнички оператор SNCF порача 20 дизел-локомотиви.

Во договор со властите, „Alstom“ како што пренесува АФП, ќе инвестира 40 милиони евра во таа фабрика.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вети дека ќе направи се што е во негова моќ со цел фабриката во Белфор да работи откако „Alstom“ минатиот месец објави дека своите производни активности ќе ги префрли во друга фабрика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП