18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова опција за огласување на Twitter

Нова опција за огласување на Twitter

REKLAMA TVIT

Огласувањето на друштвените мрежи до неодамна најголем дел беше поврзано со „Facebook“, нормално поради популарноста на оваа друштвена мрежа, а исто така и поради формата на самиот оглас кој јасно се истакнува, одвоен од содржините кои ги генерираат корисниците.

Иако огласувњето на „Twitter“ е застапено на развиените пазари, неговата имплементација не заживеа на нашите простори. Сепак од неодамна е пуштен нов механизам за огласување на оваа мрежа, по пат на промовиран „твит“ кој се насочува кон корисниците врз основа на клучниот збор кој го содржат нивните „твитови“.

Ова е важна опција која им овозможува на огласувачите да допрат до корисниците во вистински момент и во вистински контекст.

На пример: да речеме корисникот „твитува“ за тоа колку ужива во најновиот албум на омилениот бенд, а тој бенд планира да оддржи концерт на локација која се наоѓа во близина. Па со помош за информациите за локациите на случувања може географските таргетирања на кампањата да се пренесат преку главниот збор, а притоа да ги содржат информациите каде може да се купат карти.

Корисниците нема да забележат никаква разлика при користењето на „Twitter“, затоа што рекламите нема да се појавуваат често, а исто така тие и натаму ќе можат да ги исклучат промотивните „твитови“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП