
Викендов во Скопје, во хотелот Александар Палас, по втор пат се оддржа најголемиот интерактивен настан посветен на здравиот животен стил.


Викендов во Скопје, во хотелот Александар Палас, по втор пат се оддржа најголемиот интерактивен настан посветен на здравиот животен стил.
И оваа година посетителите на саемот се информираа за најновите типови на програми за вежбање, дегустираа и консумираа здрава и органска храна, испробуваа голем број на спротски и фитнес справи и добиваа совети од врвни специјалисти како со исхрана и вежбање со подобро здравје.

Функционалниот јогурт Здравје +, на Млекара Здравје Радово оваа година со специјализиран штанд на саемот, вршеше активна дегустација и вршеше презентација на начинот на производство и квалитативните вредности во функционалниот јогурт.
Виталност, енергија и хармонија беа трите столба на кои што работеа технолозите на Млекара Здравје Радово при создавањето на овој производ кој е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје.

За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје, функционалниот јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на консументите.
Во текот на саемот се подготвуваа и разни комбинации од овошје, житарки и функционален јогурт кои се препорачуваа како идеален и здрав оброк.

Посетителите покрај во советите и дегустациите се забавуваа низ интересни игри каде што освојуваа подароци од Млекара Здравје Радово, а имаа прилика да се дружат и со дуото ДНК кои беа специјални гости на штандот на Здравје +
