5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот MINI Clubman: Oд 0 дo 100 km/h зa 6,3 секунди (фото+видео)

Најбрзиот MINI Clubman: Oд 0 дo 100 km/h зa 6,3 секунди (фото+видео)

clubman sport 00

Новата генерација на најдолгиот „MINI“ автомобил доби најмоќна, „John Cooper Works“ верзија со 231 ks.

Кога во 2015-та година „MINI“ го претстави новиот „Clubman“, на купувачите им беше понудена целосно нова концепција на овој, некогаш реалтивно мал автомобил, кој беше специфичен по т.н. „splitdoor“ задни врати.

clubman sport 01

Автомобилот сега е значително подолг, а доби и нов пар на класични задни врати.

Пред парискиот авто-саем, понудата на новиот „Clubman“ ќе биде заокружена со „John Cooper Works“ верзијата, која има четирицилиндарски 2.0-литарски турбо бензинец.

clubman sport 02

Моторот произведува 231 ks (170 kW) и развива 350 Nm максимален вртежен момент, а пристигнува во комбинација со мануелен шестбрзински менувач или осумстепен автоматски.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала, преку системот на „MINI“ – „ALL4“, а возилото од место до „стотка“ забрзува за 6,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 236 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП