17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ja потврди премиерата на новиот Q5

Audi ja потврди премиерата на новиот Q5

qq55

Германскиот производител на автомобили „Audi“ официјално ја потврди претстојната премиера на втората генерација на кросоверот „Q5“. На сајтот на германскиот производител се појави часовник, одбројување на времето до 29-ти септември, кога возилото ќе биде претставено како дел од автосаемот во Париз.

Засега единствената официјална фотографија на популарниот „SUV“ е на едно од задните светла, но се очекува во наредните денови од „Audi“ да покажат уште елементи од моделот за кој се знае дека ќе биде изграден на платформата на новите „Q7“, „A4“ и „A5“.

Погонските агрегати и новиот систем за погон на четири тркала – „quattro ultra“ со повеќе спојки на дисковите наместо механичкиот диференцијал, ќе бидат позајмени од последните генерации на седанот и караванот „A4“.

Веќе е познато дека во 2017-та година производителот од Инголштат ќе предложи и спортска модификација – „Audi RS Q5“, која ќе биде опремена со 3.0-литарски бензински твин-турбо V6 со моќност од 480 КС. Истиот агрегат ќе се користи кај моделите „RS4“ и „RS5“.

Првиот „Audi Q5“ излезе во 2008-ма година и беше вториот модел во спектарот – „Q“, на компанијата. Во 2012-та година моделот претрпе редизајн, а на 4-ти август оваа година „Audi“ го произведе милионитиот примерок од овој кросовер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП