8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus доби дозвола од САД за продажба на авиони на Иран

Airbus доби дозвола од САД за продажба на авиони на Иран

airbasss222

Европскиот авиогигант „Airbus“ објави дека властите во САД дале зелено светло за продажба на првите 17 авиони на Иран, соопшти „Bloomberg“. Клучниот договор беше овозможен благодарение на договорот за нуклеарната програма, постигнат минатата година.

Веста доаѓа откако претставниците на Иран и на САД преговараа оваа недела во Њујорк паралелно со одржувањето на Генералното собрание на ОН.

„Airbus“ ја добил лиценцата од Канцеларијата за контрола на странските средства на Министерството за финансии, изјави портпаролот на компанијата Џастин Добен. Тој рече дека првите 17 авиони ќе бидат модели „А320“ и „А330“, но не е јасно колку примероци од кој модел ќе има.

Претходно оваа година националниот ирански превозник „Iran Air“ потпиша договор да купи 118 авиони од европскиот конзорциум „Airbus“, при што се смета дека договорот е вреден 22,8 милијарди евра (25 милијарди долари). Добен вели дека компанијата се надева дека ќе добие лиценца за продажба и на останатите авиони.

Иако е базирана во Франција, а „Airbus“ и треба дозвола од САД, бидејќи во авионите има многу делови произведени во САД, појаснува агенција „Ројтерс“.

Развојот внимателно ќе се следи од американскиот производител „Boeing“, кој исто така има договор со Иран. Ирански претставници велат дека тој може да е во вредност до 25 милијарди долари. Потенцијалната трансакција може да се претвори во најголемата меѓу американска компанија и Иран од револуцијата во 1979-та година, кога беа прекинати дипломатските односи меѓу Вашингтон и Техеран.

Во писмо до американскиот Конгрес во јуни „Boeing“ објави дека договорот предвидува „Iran Air“ да купи 80 авиони со вкупна цена од 17,6 милијарди долари, а испораките да започнат во 2017-та година и да завршат во 2025-та година. Покрај тоа се предвидува „Iran Air“ да земе на лизинг 29 нови авиони модел „Boeing 737“.

Исламската република вложува напори да го закрепне воздухопловниот сектор по минатогодишниот договор со западните сили за спорната нуклеарна програма на Техеран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП