29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјава на годинешниот македонски претставник на „Балканика“

Објава на годинешниот македонски претставник на „Балканика“

книги-миги

Во кафе-книжарницата „Магор“, во четврток, во 11 часот, ќе се одржи прес-конференција на која ќе објави годинашниот македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на жирито за номинација на македонскиот претставник за наградата „Балканика“ (проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. д-р Ермис Лафазановски), номинираниот претставник на Македонија за наградата „Балканика“, како и претставници на издавачката куќа „Магор“, член на меѓународната фондација „Балканика“ од Р. Македонија.

Балканика е најреномирана книжевна награда во Балканскиот регион, како и една од позначајните во Европа. Основана уште во 1996 година, претставува редок пример на одржлива културна соработка меѓу државите од регионот. Во Фондацијата „Балканика“ членуваат по една реномирана издавачка куќа-претставник (кои се избрани од страна на самата Фондација) од секоја од државите-членки: Македонија, Бугарија (каде што се наоѓа седиштето на Фондацијата), Србија, Албанија, Грција, Романија и Турција. Секоја земја-членка на Фонда¬цијата конкурира со книжевно дело – национален претставник за наградата. Наградата ја избира стручно седумчлено жири составено од по еден член од секоја од државите членки. Лауреатот се преведува на сите јазици на земјите-членки во Фондацијата, а не ретко и на многу други јазици, со што добитникот на наградата, како и државата која ја претставува, се стекнуваат со голема афирмација.

Номинирани за оваа значајна книжевна награда досега биле бројни значајни македонски автори, меѓу кои Митко Маџунков, Ермис Лафазановски, Лилјана Дирјан, Димитрие Дурацовски, Луан Старова, Томислав Османли, Кица Колбе, Димитар Башевски, Оливера Николова и др., а двајца македонски автори ја имаат добиено меѓународната наградата „Балканика“: Венко Андоновски за романот „Папокот на светот“ и Александар Прокопиев за збирката раскази „Човечулец“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП