7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМлекара Здравје Радово со поддршка на Food Talk Конфернцијата

Млекара Здравје Радово со поддршка на Food Talk Конфернцијата

food talk 01

Викендов во Ресторанот Електра Гарден во Брвеница се оддржа втората по ред Food Talk Конференција на која учество земаа стотина гастроносмки ѕвезди, лекари, нутриционисти, промотори на здравиот начин на исхрана, вистински хедонисти, консументи и медиуми.

Организатор на конференцијата за храна и оваа година беше Колор Медиа, а Млекара Здравје Радово како водечка македонска компанија активно се приклучи и даде поддршка на настанот посветен на добрите и здрави вкусови.

food talk 00

На Food Talk конференцијата се дебатираше за храната, за добрите и за лошите навики во исхраната, виното, за кулинарските тајни, за традиционалните квалитетни македонски млечни производи, додека истовремено на штандовите во „Електра гарден“ се приготвуваа, се дегустираа и се служеа многубројни специјалитети, од месни и од млечни производи, сирења, кашкавали, пудинзи, слатки и торти.

food talk 03

Млекара Здравје Радово вршеше дегустација и запознавање на процесот на изработка на своите врврни сирења и кашкавали и за значењето на млекото во редовната и балансирана исхрана.

food talk 02

На петте специјално организирани панел дискусии учество земаа и многу познати јавни чиности од земјава. Млекара Здравје Радово со паролата „Да уживаме, но и да дебатираме за храната“ дава активна поддршка на ваквиот тип на конференции, кои и самата ќе ги иницира во иднина, за да консументите на млечните производи секогаш ќе може за себе да го одберат најквалитетниот млечен производ, изработен од строго контролирано и внимателно одбрано 100% млеко од Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП