7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCreative Cloud продолжува нагоре да го турка бизнисот на Adobe

Creative Cloud продолжува нагоре да го турка бизнисот на Adobe

adobe994

Американскиот софтверски концерн „Adobe Systems“ забележа повисок раст на приходите од очекуваното, откако нејзиниот пакет од софтверски алатки „Creative Cloud“ привлече повеќе корисници, пренесува „Ројтерс“.

Приходите на компанијата се зголемија за 20 отсто за третиот квартал.

Акциите на компанијата ја зголемија својата вредност со 5,1% до 105,80 долари за време на слободната берзанска трговија во вторникот во САД. Ако растот се задржи, акциите ќе се насочат кон рекорден врв.

„Adobe“, која обично е конзервативна во однос на своите прогнози, изјави дека очекува приходите за четвртиот квартал да се во опсег 1,55 милијарди – 1,60 милијарди долари. Просечната оценка на аналитичарите е за 1,57 милијарди долари според „Thomson Reuters“.

Компанијата се соочи со помала побарувачка на краток рок, откако Британија гласаше да ја напушти Европската унија, но не гледаат значително влијание на одлуката врз нивниот бизнис во остатокот од годината, коментира главниот финансиски директор Марк Герет.

Производителот прогнозира дека коригираниот профит за четвртиот квартал ќе изнесува меѓу 83 и 89 центи по акција, што е над очекуваните од аналитичарите 78 центи.

„Adobe“ бележи двоцифрен раст на приходите во последните пет квартали. Во последните неколку години компанијата се насочи кон продажба на претплати за софтверски производи.

Приходите на единицата, во кои влегува „Creative Cloud“, се зголемија за 28,6% до 990 милиони долари во последниот квартал. Тоа е и најголемата поделба на компанијата според приходите. „Creative Cloud“ за возврат вклучува софтверски предлози, како „Photoshop“, „Illustrator“ и „InDesign“.

Просечниот приход од корисник од бизнисот со „Creative Cloud“ ќе се зголемува со секое тримесечје, додека новите корисници се насочуваат кон претплати на целосна цена по истекот на промоциите, коментира Герет.

Приходите на „Adobe“ нараснаа до 1,46 милијарди долари во трите месеци, кои завршија на 2-ри септември, од 1,22 милијарди долари една година порано. Тие ги надмина очекувањата на експертите за 1,45 милијарди долари.

Доколку се исклучат некои елементи, „Adobe“ заработил по 75 центи по акција, што е над очекуваните од аналитичарите 72 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП