22 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГазираните зашеќерени пијалаци се поштетни за забите ако се пијат во мали...

Газираните зашеќерени пијалаци се поштетни за забите ако се пијат во мали голтки

zabi 33933

Засладените пијалаци, како што ce лимонадата, енергетските или газираните пијалаци ги оштетуваат забите, особено доколку се испиваат во помали голтки подолго време.

„Доколку некако можете, испијте ја содржината на целата чаша одеднаш“, советува Дирк Кроп од групата ProDentеc, којашто води кампања чијашто цел е унапредување на оралната хигиена.

„Зашеќерените пијалаци предизвикуваат повеќе штети на забите кога на нов се задржуваат подолго време. Поради тоа, би можело да биде полезно откако во мали голтки сте испиле лимонада, енергетски пијалак или сличен пијала, да испиете малку вода“, додава Кроп.

Појаснува дека во забната шуплина бактериите живеат на шеќерите кои ги содржат наброените пијалаци.

Со делењето на молекулите на шеќерот се отпуштаат киселините коишто ја напаѓаат забната глеѓ и влијаат врз појавата на кариесот. Колку подолго зашеќерениот пијалак се наоѓа во забната шуплина, поголема е опасноста дека киселините ќе предизвикаат појава на кариес.

Научниците предупредуваат и дека забите не треба да се четкаат половина до еден час откако ќе се испие газиран пијалак, лимонада или енергетски пијалак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП