28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемите планови на Lidl: 150 нови продавници

Големите планови на Lidl: 150 нови продавници

206839960857c01e29210f4029994899_w640

Германскиот малопродажен трговски ланец „Lidl“ го освои европскиот пазар, а успехот го продолжува и во Соединетите Американски Држави.

Тие планираат да го прошират своето работење на Источниот брег, од градот Њу Џерси па до Џорџија.

Под слоганот „Every Lidl Helps“ до 2018 година планирано е отворање на 150 нови продавници на американскиот пазар, наведува Бизнис Инсајдер.

Освен намирници, Lidl својата понуда ја прошири и со апаратите за домаќинство, мебел, како и со женската колекција на облека која дебитираше во 2014 година, а беше распродадена во првите три дена.

Оттогаш лансирана е и машка колекција на облека, линија на торби и брендирана облека за фитнес. Овој германски концерн во моментов има 10.000 продавници во 26 европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП