6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСеданите кои развиваат над 320 км/час (фото)

Седаните кои развиваат над 320 км/час (фото)

sed 000

4 врати, 4 седишта, голем багажник и брзина од над 320 км/час. Ако ги посакувате токму овие работи во возилото, тогаш изборот ви се сведува на само 4 машини, кои се достапни во моментов на пазарот.

Интересен факт е дека предметните сериски автомобили не се германски, ниту италијански или јапонски. Туку британски и американски. Еве кои се тие:

Bentley Flying Spur W12 S

sed 001

Британската марка „Bentley“, која е под капата на „VW Group“, нуди неколку верзии на својот „Continental“, кои се способни да развијат над 320 км/час. „Flying Spur W12 S“ сепак е првиот седан на брендот, кој може да оствари слична брзина. Имено 325 км/час.

Предметниот седан беше претставен пред неколку дена, а е опремен со 6,0-литарски турбо-мотор со 12 цилиндри, кој развива моќност од 635 КС и 820 Нм вртежен момент. Тој е со 10 КС и 20 Нм повеќе од стандардната верзија на „Flying Spur W12“.

Седанот забрзува од 0 до 100 кч/ч за 4,5 секунди, а максималната брзина достигнува 325 км/ч.

Aston Martin Rapide S

sed 002

Повторно британски луксузен седан, способен да ја надмине границата од 320 км/час. Тоа е „Aston Martin Rapide S“. Моделот користи V12 мотор со зафатнина од 6.0 литри, развива 560 КС и 630 Нм.

Максималната брзина е 327 км/час, а забрзувањето од 0 до 100 км/час трае 4,4 секунди.

Cadillac CTS-V

sed 003

Минуваме од другата страна на Океанот каде доаѓа „Cadillac CTS-V“. Исклучително брз седан, кој чини далеку помалку од британските конкуренти во рангирањето. Формиран како конкурент на „BMW M5“ автомобил располага со 6.2 литарски V8 мотор. Тој е поврзан со 8-брзински автоматски менувач и генерира 649 КС и 855 Нм.

Максималната брзина на движење достигнува 322 км/час, а забрзувањето од место до 60 милји на час станува за само 3,7 секунди.

Dodge Charger SRT Hellcat

sed 0045

Веројатно ќе има изненадени, но токму „Dodge“ произведува најбрз и моќен седан во светот – „Charger SRT Hellcat“. Американското возило користи 6.2 литарски мотор „V8 Hellcat“, кој развива 707 КС и 880 Нм.

Максималната брзина на автомобилот е 328,3 км/ч, а делницата од 0 до 60 милји ја остварува за 3,1 секунди.

Треба да се прецизира дека на пазарот има голем број на автомобили кои можат да развијат слична брзина. Седани од оваа категорија сепак се само 4. Машините на „Alpina“, „BMW M GmbH“, „Mercedes-AMG“ и „Audi Quattro“, како и „Porsche Panamera“, „Maserati Quattroporte“ и „Jaguar XJR“ се докажани спортски седани, но само приближни до границата од 320 км/час.

Постојат и тјунинг компании како „Brabus“ и „G-Power“, кои можат да конструираат машина со слична брзина. Но во случајов, сепак станува збор за сериски автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП