6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКоса како слама: Ова се причините за лоша фризура

Коса како слама: Ова се причините за лоша фризура

990355557d56262dbd78214492015_w640

Недостатокот на еластичност, ситните оштетувања и пукнатини, како и острите краеви кои штрчат, се само некои од знаците кои укажуваат дека погрешно ја негувате косата и дека ви е потребно шишање.

На сите ни се случува по еден „лош ден за косата“, па затоа Нунзио Савиано, сопственик на салон во Њујорк, откри кои се четирите производи кои никако не смеете да ги ставате на косата.

Производи на база на силикон

Силиконските препарати на косата и даваат сјај и свиленкаст изглед. Меѓутоа, овие средства спречуваат вистинските хранливи материи да допрат до влакното, вели Савиано.

Производи кои содржаt алкохол

Тоа се најчесто препаратите кои се користат за обликување на фризурата, како лак или пена за коса. Алкохолот ја суши косата и затоа е многу штетен. Пред купување проверете дали ваквите препарати содржат алкохол.

Евтини шампони

Савиано вели дека би требало да бидете многу внимателни при купувањето на шампон, бидејќи некои ја уништуваат бојата и го отстрануваат природното масло од влакното. Купувајте шампони кои имаат низок процент на сулфати, а содржат хидрататнтни состојки. Можат да се најдат во многу аптеки.

Регенератоти на база на протеини

Користењето на регенератори е во ред, се додека единствената состојка не им се протеините.

„Секогаш користете регенератор кој содржи комбинација од хидратантни материи и протеини. Доколку регенраторот содржи премногу или само протеини, косата ќе ја загуби природната еластичност, што може да довете до тоа да ви отпаѓаат влакна кога ќе се чешлате“, предупреудва тој. Премногу пртеини на косата можат да предизвикаат таа да изгледа како слама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП