13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдна чаша вино дневно ги намалува шансите да забремените

Една чаша вино дневно ги намалува шансите да забремените

17127826157cecc9d8883c923270337_v4 big

Една голема чаша вино дневно може за 18 проценти да ги намали шансите жената да забремени, покажа најновото истражување.

Експерите веруваат дека премногу алкохол влијае на природниот женски циклус и може да ги оштети клетките на јајниците.

Данските истражувачи анализирале 6.120 жени на возраст од 21 до 45 години во периодот од јуни 2007 година до јануари 2016 година кои се обидувале да забременат.

Сите го пополниле прашалникот за тоа колку често консумирале алкохол и што точно пиеле.

Резултатите покажале дека жените кои пиеле најмалку 250 милилитри алкохол дневно имале за 18 проценти помалку шанси да забременат во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП