Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Полни сте со ентузијазам и енергија, а тоа ќе се пренесе и на работата. Успехот ви е загарантиран.
ЉУБОВ: Можно е во бракот или врската да ви се меша личност родена во знакот на Водолија или Лав.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен горен дел од телото.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Не поднесувате беспарица или сиромаштија. Дури и чувствувате страв од тоа. Размислете за некој дополнителен начин за заработка.
ЉУБОВ: Оваа недела ќе му бидете посветени на семејството. Тоа ќе ви даде енергија за нови животни борби и победи.
ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со очите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Се плашите што ќе доживеете во оваа напорна работна недела, но без грижи нема ништо посебно да се случува.
ЉУБОВ: Партнерот се сомнева во вас. Слободно може да се каже дека воопшто не ви верува.
ЗДРАВЈЕ: Чести промени на расположението. Можна е мала депресија.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Прилично сте несигурни во себе, а тоа не ви дозволува да ги остварите зацртаните цели.
ЉУБОВ: Ќе бидете многу трпеливи во овој период, особено кога станува збор за љубовта.
ЗДРАВЈЕ: За некои здравствени проблеми можете да побарате лек и во алтернативната медицина.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Имате чувство дека никако не можете да ја покажете својата вистинска вредност. Секој труд ќе ви се исплати, затоа не се откажувајте.
ЉУБОВ: Оваа недела е погодна за љубов и емоции. Некои Лавови ќе помислат да се вратат и на стариот живот а некои покрај себе ќе имаат интересна личност.
ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со ледените пијалоци.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Уморни сте и исцрпени. Посакувате исплата на некој заостанат долг, тоа ви создава нервоза.
ЉУБОВ: Иако посакувате да сакате и да бидете сакани, оваа недела не е поволна за тоа. Средете ги емоциите.
ЗДРАВЈЕ: Посоветувајте се со докторот во врска со лековите кои ги пиете.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Сакате подобра работа и поголема заработка, но не знаете од каде да почнете. Пронајдете некои нови контакти, можеби тие ќе ви помогнат.
ЉУБОВ: Генерално сте задоволни со својата врска или брак, но барате начин да се освежите, а тоа може скапо да ве чини.
ЗДРАВЈЕ: Чувствително грло.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Сакате да ја поправите својата позиција на работа. Започнете со разговор со некој Бик или Водолија.
ЉУБОВ: Целото слободно време кое ќе го имате ќе го поминете со партнерот. Ќе дознаете некои мали тајни.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Посакувате многу работи, но не знаете од каде да започнете. Токму размислувањето ве доведува во проблеми.
ЉУБОВ: Постои голема шанса некоја стара љубов да ви досадува, а вие да не знаете како да се одбраните.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со видот.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: После периодот на неизвесност и стагнација, конечно доаѓа убав, мирен и позитивен период.
ЉУБОВ: Вие сте многу нежна, воспитана и дружељубива личност. Сите околу вас го ценат тоа, а најмногу вашиот партнер.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грбот. Применувајте вежби за истегнување.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Ја сакате работата која ја работите, но во текот на оваа недела нема да чувствувате возбудување и задоволство, кое обично го чувствате.
ЉУБОВ: Слободните Водолии треба да се завртат кон себе. Зафатените Водолии кои се во врска или брак можат да очекуваат драстични промени.
ЗДРАВЈЕ: Релаксирајте се.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Иако делувате несериозно и спонтано, тоа никако не важи за вашето однесување на работа. Надредените и колегите го знаат тоа, не се грижете.
ЉУБОВ: Позитивно сте расположени, а тоа го пренесувате и на полето на љубовта. Оваа недела имате загарантиран успех.
ЗДРАВЈЕ: Можен е повишен притисок поради променливото време.