8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen ги објави цените на новиот C3

Citroen ги објави цените на новиот C3

c3 nov353

Целосно новата генерација на „Citroen C3“ која француската марка ќе ја претстави официјално на крајот на месецот за време на автосаемот во Париз, веќе е достапна на домашниот пазар. Во Франција компактниот хечбек има почетна цена од 12.500 евра.

Дизајнот на новиот „C3“ црпи инспирација од екстравагантниот модел „C4 Cactus“, а според Французите „инјектира здив на свеж воздух во сегментот“.

Моделот се нуди во три нивоа на опрема – „Live“, „Feel“ и „Shine“, покажувајќи завидни можности за персонализација. Достапни се 9 бои на каросеријата, 3 за покривот, како и 36 комбинации на бои независно од нивото на опрема.

Уникатните заштитни елементи од двете страни на каросеријата се сериски за нивоата „Feel“ и „Shine“, а листата на опрема вклучува панорамски стаклен покрив, 7-инчен централен дисплеј, паркинг асистент, препознавање на сообраќајните знаци и многу други.

Погонот на моделот е доверен на широкиот спектар на економични мотори. Бензинските се со три цилиндри од серијата „PureTech“, а генерираат 68, 82 или 110 КС. Дизел „BlueHDi“ нуди 75 или 100 КС.

Во моментов моделот е достапен само на одредени европски пазари, а цените во Франција почнуваат од 12.500 евра. Испораките кон клиенти ќе стартуваат веднаш по саемот во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП