10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТексашки тјунинг за Ford Focus RS

Тексашки тјунинг за Ford Focus RS

tex rs 01

Тјунинг компанијата со седиште во Тексас, „Hennessey Performance“ е специјализирана во доработката на моќни американски мотори, така што ги поврзува со својот конкурент – „Bugatti Veyron“. Сега сепак во нејзиното портфолио на суперавтомобили спаѓа и хечбекот „Ford Focus RS“.

Една од причините „Hennessey Performance“ да посвети внимание на овој модел е тоа што го користи истиот 2,3-литарски мотор со 4 цилиндри, кој се наоѓа во новиот „Mustang“. Покрај тоа, новиот „Focus RS“ е глобален модел, кој се нуди на сите пазари, вклучувајќи го и САД.

Кај „Focus RS“, сепак тјунерите пристапиле доста претпазливо. Наместо вообичаените пакети со 1000+ коњски сили, тие му обезбедиле на хечбекот само 50 дополнителни „коњи“. Така по доработката моделот развива 400 КС и 576 Нм. (470 Нм кај стандардниот модел).

tex rs 00

Ова е постигнато со пакетот „HPE400“ кој вклучува доработка на турбото, интеркулерот, електронското управување на моторот, индукција и издувниот систем.

Од работилницата не откриваат какви се динамичките карактеристики на нивниот „Focus RS“. Се тврди дека, сепак, времето за забрзување од 0 до 100 км/ч е сведено под 4,5 секунди. Кај стандардниот модел со 350 КС, дисциплината трае 4,7 секунди.

Покрај грубата погонска доработка, тјунерите поставиле различни тркала, како и амблеми „Hennessey“. Цената на пакетот претстои да биде официјално објавена, како и дали овој автомобил ќе има ограничен број на возила кои ќе бидат доработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП