26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНица го потпиша Балотели

Ница го потпиша Балотели

балотели

Контроврзниот Марио Балотели го раскина договорот со Ливерпул и реши кариерата да ја продолжи во екипата на Ница.

Марио Балотели и неговиот менаџер Мино Рајола уште од јуни месец бараа клуб каде скандал мајсторот ќе се обиде да си ја спаси кариерата и во последните часови од преодниот рок ја одбраа Ница. Овој француски прволигаш смета дека Балотели ќе биде идеална замена за Хатем Бен Арфа кој замина во ПСЖ.

Трансферот е реализиран откако Ливерпул реши предвреме да го раскине договорот со Балотели, кој имаше важност до 2018 година и кој на Италијанецот му гарантираше шест милиони евра по сезона.

Балотели е поранешен играч на Интер, Манчестер Сити и Милан, несомнено голем потенцијал, но целтата негова досегашна кариера минува во знакот на скандалите кои ги предизвикува најчесто надвор од фудбалските терени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП