26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot подготвува 2 спортски кросовери

Peugeot подготвува 2 спортски кросовери

spor peu33

Француската компанија „Peugeot“ работи на пуштањето во производство на „GTi“ верзии на компактните кросовери „2008“ и „3008“. Ова го соопшти продуктниот директор на компанијата Лоран Бланше, цитиран од „Autocar“. Според него присуството на таквите модификации во палетата е дел од новата стратегија на „Peugeot“.

„Сметаме дека секој наш модел треба да се нуди и во топ-верзии – „GT“, „GT Line“ и „GTi“. Ова се однесува не само за стандардните автомобили, туку и за кросоверите“, категоричен е Бланше.

Во моментов Французите им нудат на своите клиенти „Peugeot 2008 GT Line“, „Peugeot 3008 GT“ и „Peugeot 3008 GT Line“ кои се разликуваат од стандардните „SUV“ модели по надворешноста, внатрешноста и суспензијата. Новите „GTi“ модификации сепак ќе добијат помоќни мотори, а исто така ќе останат само со преден погон.

Во моментов само 2 модели на брендот се достапни во верзии „GTi“. Тоа се хечбеците „208“ и „308“. Првиот се потпира на 1.6-литарски мотор со 208 КС, додека кај вториот турбо-моторот е со ист волумен, но развива 270 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП