26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоради преголемата побарувачка, Ford го зголеми производството на GT

Поради преголемата побарувачка, Ford го зголеми производството на GT

ford gt

Aмериканската компанија одлучи дека производството на новиот суперспортски модел наместо планираните две ќе трае четири години. Оваа одлука ќе израдува многу од заинтересираните купувачи кои останаа „под линијата“.

„Ford“ во јули објави дека ја заклучува листата од 500 купувачи на моделот „GT“, откако доби преку 6.500 барања од заинтересирани клиенти. Поради тоа многу од оние кои посакуваа во својата гаража да го имаат овој модел од 450.000 долари останаа разочарани.

Се чинеше дека „Ford“ oстана немилосрден во одлуката производството да го ограничи на две години, при што од производната лента ќе слезеа само 500 автомобили (по 250 годишно). Меѓутоа, американскиот производител неочекувано ја промени одлуката и најави дека производството ќе го продолжи за уште две години.

Иако во компанијата не прецизираа колку возила ќе се изработат во дополнителниот период, можно е планираната серија од 500 единици во конечниот збир да биде двојно зголемена.

„Иако нема да можеме да направиме доволно автомобили за да ги задоволиме сите оние кои имаа намера да купат „Ford GT“, ќе изработиме дополнителен контигент на возила со цел да ги израдуваме најлојаните клиенти“, соопштија од компанијата.

Новиот „Ford GT“ за погон користи 3.5 литарски „V6 EcoBoost“ мотор кој произведува преку 600 ks. Првите примероци ќе пристигнат кај своите сопственици до крајот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП