6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој напиток ќе ви помогне да го отстраните салото на нозете и...

Овој напиток ќе ви помогне да го отстраните салото на нозете и стомакот

Food Network Kitchen Watermelon and Cucumber Smoothie Healthy Eats Food Network

Напитокот направен од свежо овошје и зеленчук, кој е наречен „smoothie“ е нешто најздраво што можете да си го дадете во летните денови. Иако сите комбинации на овошје и зеленчук се добри за здравјето и губењето на килограмите, ова е една од најдобрите рецепти.

Овој розов напиток содржи многу малку калории, а дава чувство на ситост. Здраво е да го консумирате бидејќи ги чисти бубрезите, го намалува крвниот притисок, го регулира шеќерот во крвта, а исто така помага и при губењето на килограмите.

Состојки:

– Половина шолја сецкана свежа краставица

– Лажица мед

– Лажица сок од лимон или лимета

– Две шолји сецкана лубеница

Подготовка:

Измијте ги состојките, олупете ги и извадете им ги семките. Парчињата краставица ставете ги во блендер, потоа додадете го сокот од лимон и медот, а на крај лубеницата. Мешајте добро додека да се изедначи смесата. Можете да додадете и неколку коцки мраз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП