11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Volkswagen CC ќе се појави следната година

Новиот Volkswagen CC ќе се појави следната година

ckoncept nov 99

Наследникот на седанот „Volkswagen CC“ (до неодамна познат како „Passat CC“) ќе се појави во почетокот на следната година, а ќе го користи дизајнот и бројните технички детали од концептот „Sport Coupe Concept GTE“. Тестовите на автомобилот веќе се во последен стадиум.

Според првичните податоци моделот ќе порасне во димензии во споредба со сегашниот „CC“, а должината му ќе достигне 4,9 метри. Растојанието помеѓу двете оски ќе се зголеми за 50 мм и ќе достигне 2716 мм. Ова ќе овозможи да се зголеми просторот за нозете на патниците кои се наоѓаат на задните седишта.

Палетата мотори понудени за возилото во моментов, исто така ќе биде променета. Новиот модел ќе го задржи 4-цилиндричен мотори, но веќе ќе биде достапен и во хибридна модификација „GTE“. Се очекува нејзината моќност да биде 218 КС. Како опција за возилото ќе биде достапен и систем за погон на четири тркала „4Motion“.

Дебито на следниот „Volkswagen CC“ е планирано за автосаемот во Женева во март 2017-та годинам, а продажбата на автомобилите ќе стартува во летото истата година, а се очекува цените да почнуваат од 33.000 евра.

ckoncept nov 98

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП