6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen подготви кросовер на база на Polo

Volkswagen подготви кросовер на база на Polo

Die neue Volkswagen Studie T-Cross Breeze

Германскиот производител „Volkswagen“ е подготвен со целосно нов модел – компактен кросовер, кој е изграден врз основа на хечбекот „Polo“. Тој е создаден претежно за пазарот во Европа, а ќе излезе на крајот на 2017-та година.

Изданието „Auto Motor and Sport“ соопштува дека премиерата на новата генерација на стандардниот „Polo“ ќе се одржи за време на автосалонот во Женева во март следната година. „SUV“ моделот најверојатно ќе биде претставен на саемот во Франкфурт наесен.

За возилото е познато дека е изградено на платформата „MQB“ (тоа е основата и на следното „Polo“). На изглед возилото ќе се доближува максимално до „VW T-Cross Breeze Concept“ (на сликите). Основната верзија ќе биде опремена со 1,0-литарски бензински мотор со 3 цилиндри. Интересно е дека дизел верзии не се предвидуваат, а другите модификации ќе бидат повторно бензински мотори со зафатнина од 1,5 и 2,0 литри.

Верзиите со пониски нивоа на опрема ќе бидат со преден погон, а како опција освен систем за погон на четири тркала ќе се нудат и адаптивни амортизери. Новата генерација на „VW Polo“ ќе започнува од 12.000 евра, а „SUV“ моделот ќе стартува од околу 15.000 евра.

Die neue Volkswagen Studie T-Cross Breeze

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП