7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОбидот за спасување на Dodge Viper пропадна

Обидот за спасување на Dodge Viper пропадна

viper 884

Уште пред една година раководството на „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) објави дека во 2017-та година ќе престане производството на „Dodge Viper“, праќајќи го во историјата и претворајќи го во легендарен модел. Група приватни инвеститори, на чело со милионер Џејк Гликенхаус, се обиде да ги откупи правата на моделот, но не успеа.

Пред изданието „The Truth About Cars“ – Гиленхаус кој освен што е колекционер на автомобили, е и основач на компанијата за производство на суперавтомобилите „Scuderia Cameron Glickenhaus“ (SCG), откри детали од пропаднатиот договор. Бизнисменот и неговите партнерите побарале да ја купат фабриката „Conner Avenue“ во Детроит, во кој се произведува исклучиво „Viper“. Од „FCA“ пројавиле интерес, но на крајот преговорите пропаднале.

Италијанско-американскиот концерн е принуден да се откаже од „Viper“ најмногу поради лошата продажба во последно време. И покрај атрактивните промоции и попусти, возилото продолжува да забележува слаби резултати на пазарот. Проблем се покажува и барањето на властите во САД, според кој во 2017-та година сите нови автомобили треба да се нудат со странични перничиња. А конструкцијата на „Viper“ не дозволува такво нешто.

Во „Dodge“ немаат намера да пуштаат наследник на моделот, но шефот на „FCA“, Серџо Маркионе не ја отфрла можноста по некое време „Viper“, сепак да биде ревитализиран. Тоа, сепак, ќе биде целосно нов автомобил, изграден на платформата на друг модел. Тој ќе биде лишен од V10 моторот.

Запирањето на „Viper“ е само дел од чекорите кои „FCA“ ги презема за намалување на трошоците. Концернот се откажува од производството на секакви автомобили на територијата на САД, што значи дека моделите на „Chrysler“ и „Dodge“ веќе ќе се прават во фабриките во Кина, Канада и Мексико. Во САД ќе се составуваат само теренецот „Jeep“ и пикапот „Ram“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП