26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд повлекува 830.000 автомобили заради проблеми со бравите

Форд повлекува 830.000 автомобили заради проблеми со бравите

ford hibrid mondeo 33

Компанијата Форд Моторс објави дека повлекува 830.000 автомобили и комбиња во САД и Мексико, заради замена на неисправни брави на вратите.

„Освен што возачите можат да имаат проблеми при затворањето на вратите, тие можат самите да се отворат по затворањето, што претставува безбедносен ризик“, соопштено е од компанијата.

Во некои ситуации, како што наведуваат, затворената врата може да се отвори во тек на возење, што го зголемува ризикот од повреди.

Форд призна дека е пројавена една несреќа и една повреда што можат да бидат поврзани со тој дефект.

Возилата што се повлекуваат ги опфаќаат моделите C-MAX и SUV Escape произведени од 2013 до минатата година, потоа автомобилите Focus произведени од 2012 година до минатата година, комбињата Transit Connect што се произведени од 2014 до оваа година, како и моделите Mustang и Lincoln MKC од минатата година.

„Пријавените проблеми се почести во топлите краишта со сончева клима, што значи дека отповикувањето е насочено кон американските држави ширум југот – Хаваи, Калифорнија и пацифичкиот брег“, прецизираа од Форд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП