4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways го зголеми својот удел во сопственикот на British Airways до...

Qatar Airways го зголеми својот удел во сопственикот на British Airways до 20%

katari3888

Авионската компанија „Qatar Airways“ го зголеми својот удел во сопственикот на „British Airways“, „IAG“ до 20%. Катарската авиокомпанија го искористи поевтинувањето на акциите на британскиот превозник по гласањето за „Brexit“ во текот на минатиот месец, соопшти „Bloomberg“.

„Qatar Airways“, која го зголеми делот од 15,7% до 20% на 28-ми јули, не планира уште да го проширува своето учество, соопштуваат од компанијата.

Со тоа превозникот од Заливот го објавува третото купување на акции во странство во последниот месец. Потегот е дел од програмата за глобална експанзија. Пред тоа, компанијата купи 10% од „Latam Airlines Group“ – најголемиот превозник во Латинска Америка, и 49% од „Meridiana Fly“, која е втора најголема авиокомпанија во Италија.

„Последната пазарна евалуација на една од водечките светски авиокомпании според нас, ни обезбедува атрактивна опција да го зголемиме својот удел во „IAG““, изјави главниот извршен директор на „Qatar Airways“, Акбар ал-Бекер.

Акциите на „IAG“, која ја поседува и шпанската авиокомпанија „Iberia“ и ирскиот авиопревозник „Aer Lingus“, поевтинија за 23% од британскиот референдум за излез од Европската унија на 23-ти јуни, па наваму. Компанијата ја намали прогнозата за добивка за 2016-та година, во текот на минатата недела поради изборот на Британците да излезат од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП