3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРетро дизајнот повторно во мода: Bristol Bullet Speedster (фото+видео)

Ретро дизајнот повторно во мода: Bristol Bullet Speedster (фото+видео)

bullet 00

Британија е земја во која многу се води сметка за традицијата. Автомобилската индустрија не е исклучок, а тоа може да се види на дизајнот на моделите на неколкуте преостанати оргинални авто-брендови, меѓу кои е и „Bristol“.

bullet 01

Поминаа седум денцении од основањето на британската компанија „Bristol Cars“ и пет години, откако овој производител на луксузно, рачно направени автомобили беше спасен од банкрот.

bullet 02

Обновата на компанијата е одбележана со лансирањето на нов модел – „Bullet“.

bullet 03

Спортскиот двосед со отворен покрив е дизајниран во ретро стил, но каросеријата на возилото е изработена од јаглеродни влакна, додека моторот води потекло од „BMW“ (иако е изработен во работилницата на „Bristol“).

Станува збор за 4.8 литарски „V8“ со 370 ks. Со тежина од околу 1.100 kg, „Bullet“ добива сосема доволно моќ од место до „стотка“ да забрза за само 3.8 секунди, додека максималната брзина изнесува 250 km/h.

bullet 04

Ретро изгледот на автомобилиот не треба да залажува, затоа што новите сопственици на располагање ќе имаат мултимедијален систем со екран чувствителен на допир, дигитално радио, можност за поврзување со смартфон уред, „Bluetooth“, „WiFi“ конекција…

bullet 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП