10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's разочара со резултатите

McDonald’s разочара со резултатите

206151491657979c0d1a861134215304_w640

Американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ пријави разочарувачки раст на продажбата во САД во вториот квартал.

Компанијата, како што е соопштено, соочена е со предизвикувачкото опкружување на неколку клучни пазари, јавува Ројтерс.

Продажбата во рестораните во САД кои работат најмалку 13 месеци, пораснала во вториот квартал за 1,8 проценти, што е под просечната прогноза на аналитичарите кои предвидуваа раст на продажбата од 3,2 проценти, според податоците на истражувачката компанија „Consensus Metrix“.

Нето профитот на „McDonald’s“ во тој период паднал за 9,1 проценти, на 1,09 милијарди долари, или 1,25 долари по акција, додека вкупните приходи се намалени за 3,5 проценти, на 6,27 милијарди долари, што, како што наведува британската агенција, е во склад со просечната прогноза на аналитичарите.

Продажбата на „McDonald’s“ во светот, во периодот заклучно со 30 јуни, пораснала за 3,1 проценти, за што, како што наведуваат од компанијата, помогнале измените во менито и воведувањето на појадокот кој се служи цел ден.

Таквиот раст на продажбата, сепак, е понизок во однос на проектираниот раст од 3,6 проценти.

„McDonald’s“, кој има повеќе од 36.000 ресторани во 120 земји во светот, во последно време работи на подобрување на квалитетот на храната во САД, па така неодамна прејде на путер од маргаринот во подготовкта на своите чизбургери „egg mcmuffins“

По најновото соопштение, акциите на „McDonald’s“ паднаа за повеќе од три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП