12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche ги надмина пазарните очекувања

Roche ги надмина пазарните очекувања

roche 333

Добивката на швајцарската фармацевтска компанија „Roche Holding“ забележа раст од 7% за првата половина од годината, поддржана од побарувачката на лекови против рак на дојка, леукемија и рак на дебелото црево, пишува „Bloomberg“.

Оперативниот приход порасна за 7% до 9,85 милијарди франци, додека аналитичарите очекуваа 9,53 милијарди франци. Чистата добивка на „Roche Holding AG“ изнесува 5,47 милијарди франци, или за 4 проценти над предвидената сума.

Добивката по акција се зголемува со 5% до 7,74 швајцарски франци (7,86 долари) по акција наспроти 7,22 франци од пред една година, објави компанијата со седиште во Базел. Резултатите ги надминуваат прогнозите на испитаните аналитичари од страна на „Bloomberg“, кои очекуваа профит од 7,65 франци по акција.

Најголемиот производител на лекови против рак во светот направи голем успех со некои од своите лекови против болеста, откако започна да го комбинира стариот третман со нови лекови, за да го подобри работењето.

roche889

Така на пример во првата половина на годината новиот лек против рак на дојка „Perjeta“ помогна за продажбата на стариот лек „Herceptin“, посочува „Bloomberg“.

Приходите од продажбата на компанијата пораснаа за 6% до 25 милијарди франци (25,4 милијарди долари) во текот на првите шест месеци од оваа година во споредба со 23,5 милијарди франци остварени во истиот период од минатата година.

Компанијата ги потврди прогнозите за 2016-та година, велејќи дека очекува продажбата да се зголеми со помеѓу 1% и 3% кај постојаните девизни курсеви, а главната добивка по акција да порасне побрзо за продажба. „Roche“, потврди дека се очекува дополнително зголемување на дивидендата во швајцарски франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП