18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo натрупува загуби во пресрет на продажбата

Yahoo натрупува загуби во пресрет на продажбата

The Yahoo logo is shown at the company's headquarters in Sunnyvale, California April 16, 2013. The company will release its quarterly results on Tuesday. REUTERS/Robert Galbraith  (UNITED STATES - Tags: BUSINESS)

Интернет компанијата „Yahoo“ работела во изминатиот квартал со загуба од околу 440 милиони долари, додека приходите на компaнијата паднаа.

Тоа го пишува во последниот финансиски извештај на оваа компанија пред продажбата на нејзината основна дејност.

Иако вкупните приходи пораснале на 1,31 милијарди долари, од 1,24 милијарди долари една година претходно, тоа подобрување е резултат на промената на начинот на пресметување на трошоците од остварениот промет. По одбитокот на надоместоци исплатени на партнерските интернет страници за промет, приходот паднал на 841,2 милиони долари од 1,04 милијарди долари во вториот минатогодишен квартал.

Извештајот за заработката покажа понатамошно пропаѓање на бизнисот на „Yahoo“ во текот на долготрајниот процес зa продажба.

„Yahoo“ се наоѓа во процес на продажба на својот бизнис поврзан со пребарување и огласување, а се очекува дека оваа недела ќе одбере купец. Компанијата објави дека управата постигнала „голем напредок во однос на стратешките алтернативи“, но не го коментираше понатамошниот процес.

„Не можам да размислам зошто процесот на продажба трае така долго, единствено нешто што ми паѓа на памет е дека основниот бизнис на компанијата е преценет. Овој извештај не одава впечаток дека би требало да се зголеми цената за купување“, изјави еден од претставниците на потенцијалните купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП