6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОбновениот Grand Cherokee SRT (фото)

Обновениот Grand Cherokee SRT (фото)

srt jeep 00

„Jeep“ започна со финалните тестови на обновената верзија на кросоверот „Grand Cherokee SRT“. На фотографиите кои ги објави „Autocar“, возилото е без никаква камуфлажа. Се очекува возилото да се појави на пазарите во почетокот на 2017-та година.

Спортскиот кросовер добил нови браници, различна маска на ладилникот, други отвори за воздух и „LED“ светла, дифузер и издувниот систем со 2 крајни цевки. Погонот на теренецот е доверен на 6,2-литарски бензински мотор, чија моќ ќе надминува 500 КС. Во комбинација со 8-брзински автоматски менувач, „Grand Cherokee SRT“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 5 секунди.

srt jeep 01

Од компанијата потврдија и за развојот на уште помоќна верзија на „Grand Cherokee“, која ќе се вика „Trackhawk“. Премиерата на автомобилот е закажана за јули 2017-та година, а во моментов таа исто така се тестира активно по патиштата во САД.

Овој автомобил ќе добие 6,2-литарски „HEMI V8“. Истиот агрегат се наоѓа во „Dodge Charger SRT Challenger“ и „Hellcat“. Моќноста на моторот е 707 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 880 Нм. Моторот исто така ќе се комбинира со 8-степен автоматски менувач, кој ќе овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за околу 3 секунди. Максималната брзина на кросоверот ќе биде 300 км/ч.

srt jeep 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП