8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАлијансата на автомобилските производители сака единствен метод во Европа и САД

Алијансата на автомобилските производители сака единствен метод во Европа и САД

krastest 335

Различните стандарди за безбедност во САД и Европа ги чинат повеќе од 2 милијарди долари годишно производителите на автомобили, бидејќи наметнуваат модификација на моделите. Ова го тврди извештајот на центарот за автомобилски истражувања (Center for Automotive Research), кој добил на испитување 116 модели понудени од двете страни на океанот.

Истражувањето е спроведено по нарачка на Алијансата на автомобилски производители (Alliance of Automobile Manufacturers), во која влегуваат американски, европски и јапонски автомобилски компании, кои се застапени на пазарот во САД.

За стандардите за безбедност во САД одговара осигурителниот институт за безбедност на движењето (IIHS), додека во Европа дејствува Европскиот комитет за спроведување на независни краш-тестови (Euro NCAP). Барањата на двете организации се доста различни и тоа ги принудува автомобилските компании сериозно да ги преработуваат своите модели, ако сакаат да ги понудат на пазарот.

Излегува дека барем 26 елементи од еден автомобил треба да бидат преправени, за да можат да бидат приспособени од едните барања кон другите. Најмалку 8 од нив треба да бидат дизајнирани и произведени одново, тврдат информациите.

Самите производители со години бараат од своите влади да воведат унифицирани мерки за стандардите за безбедност. Компаниите се потпираат на нов договор меѓу двете страни, а преговорите за тоа се водат веќе неколку години. Заминувањето на ЕУ од страна на Велика Британија, сепак може да придонесе да пропадне потпишувањето на документот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП