26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе се шегувајте со Меси ќе ви ја купи куќата

Не се шегувајте со Меси ќе ви ја купи куќата

o-f-c-barcelona-lionel-messi-leo-casa

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси ја купил куќата од својот сосед за да се спаси од вознемирувањето. Напаѓачот на Барселона за ова задоволство платил милион евра.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Аргентинецот моментално ја реновира својата вила во населбата Кастелдефелс, 20 километри од Барселона. А за тоа време тој со семејството живее во стан во градот.

Проблемите со соседите започнале пред неколку години. Поради финансиски проблеми соседите се одлучиле да му ја понудат куќата на Меси. Но тој тогаш не бил заинтересиран, па соседите одлучиле да ја издаваат вилата за да излезат од кризата, но не целата туку соба по соба.

porodica-mesi-1365925938-296501

За многу кратко време се вселиле неколку нови парови и семејства. Тоа довело до потполно нарушување на приватноста на славниот Аргентинец, затоа што соседите многу ги интересирало да проверат што прави семејството Меси и нормално да направат некоја фотографија која ќе може да им донесе профит.

Покрај тоа новите соседи правеле и голема бука, па фудбалерот на Барселона се одлучил да изгради голем ѕид меѓу двата имоти. Но тоа не била добра идеја затоа што соседите му се заканиле со тужба, поради тоа што им го скратил погледот.

Кога видел дека неможе да се ослободи од комшиите, Меси одлучил од своето богатство да одвои само мал дел и да го купи имотот на соседот.

Но проблемот на Меси не завршува овде. Како што наведуваат шпанските медиуми, сличен проблем се појавил и од другата страна, па се шпекулира дека овој пат Аргентинецот ќе биде поекспедитивен и веднаш ќе го купи и тој имот. Па со тоа Меси би требало својот имот да го зголеми на вкупно 10.000 квадратни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП