Најголемата светска авиокомпанија „Boeing“ соопшти дека ќе отвори нови 2.000 работни места во Велика Британија.
Компанијата, покрај тоа, ќе ги прошири и своите оперативни истражувања во Обединетото Кралство, а се во склоп на договорот на влaдата и компанијата.
Владата за возврат се согласи да купи девет нови авиони од типот „Boeing P8“, но ќе помогне и во изградбата на нови објекти за обука во раките на RAF базата која се наоѓа во Шкотска. Само тој проект е вреден околу 130 милиони долари.
Сепак, владата не откри колкава е вкупната цена на договорот, но се споменува цифра од речии 4 милијарди долари во наредната деценија.
Британија е подготвена да даде се од себе со цел да ги смири инвеститорите откако земјата се одлучи да ја напушти ЕУ.
„Boeing“ е само една од многуте американски компании која има големи бизнис интереси во Лoндон. Токму тие се најголемиот извор на странски инвстиции во Кралството, каде филијалите на амриканските компании вработуваат околу 1,2 милиони работници.