28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗголемен наградниот фонд на Роланд Гарос

Зголемен наградниот фонд на Роланд Гарос

logo

Организаторите на отвореното првенство на Франција одлучија да го прошират наградниот фонд на турнирот за 3.3 милиони евра, па така и тенисерите елиминирани во раните кругови ќе добијат поголема добивка.

Денес беше објавено дека оваа година вкупниот износ ќе изнесува 22 милиони евра и се очекува освојувачите на трофеите во двете конкуренции да добијат секој по 1.5 милиони евра што е за 250 илјади повеќе од 2012-та година.

Играчите елиминирани во вториот, третиот и четвртиот круг на „Ролан Гарос“ ќе добијат 25 проценти повеќе во споредба со 2012-та година. Се очекува до 2016-та година наградниот фонд да се зголеми за уште 10 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП