19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGap изненади со растот

Gap изненади со растот

gap333

Синџирот за облека „Gap“ забележа изненадувачки раст од 2% на споредливата продажба во јуни благодарение на доброто претставување на својот бренд „Old Navy“. Ова се случува по месечни падови во рамките на повеќе од една година.

„Задоволни сме да видиме подобро претставување на портфолиото во овој месец, делумно благодарение на подобрувањето на посетеноста во јули“, вели трговецот на мало.

За време на трговија акциите на „Gap“ поскапеа за 4% до 22,50 долари. За последните три месеци до завршување на трговијата во петокот цената на акциите на компанијата забележа пад од 22%.

Растот на продажбата со 2% е смирувачки во позадина на падот од 3 отсто, што го прогнозираа аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“.

Истоимениот бренд на фирмата забележува намалување на споредливата продажба за 1%, а „Banana Republic“ – со 4%. „Old Navy“ сепак ужива 5% раст на споредливата продажба.

Вкупната продажба скокна од 1,54 милијарди долари на 1,57 милијарди долари.

Последното зголемување на споредливата продажба на „Gap“ беше во март 2015-та година. Компанијата, како и другите синџири со фокус врз трговските центри, се погодени од стекнувањето на сила на онлајн шопингот и од популарноста на трговците на брза мода, како „H & M“ и „Zara“.

На 9-ти мај „Gap“ изјави дека се бори со неповолна макросредина за трговците на облека на мало.

„Gap“ презеде чекори за намалување на своите операции, така што во јуни 2015-та година изјави дека ќе затвори 175 од своите продавници во Северна Америка и ќе отпушти 250 работници во корпоративната канцеларија. Во мај „Gap“ соопшти дека ќе ги затвори и сите продавници на брендот „Old Navy“ во Јапонија и неколку од меѓународните трговски објекти на „Banana Republic“. „Gap“ има околу 3300 продавници кои ги управува сама, како и 450 франшизни објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП