3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda откри детали за Kodiaq (фото+видео)

Skoda откри детали за Kodiaq (фото+видео)

suvk 00

Чешкиот производител „Skoda“ соопшти официјални информации за палетата на мотори, шасијата и системите со кои ќе се нуди новиот голем „SUV“ на брендот – „Kodiaq“. Покрај тоа, од компанијата објавија и фотографии од моделот кој се уште е покриен со маскирна обвивка.

Стартот на продажбата на теренецот е закажан за почетокот на 2017-та година, а во прво време моделот ќе се нуди со два дизел и три бензински мотори. Засега се објавени детали само за еден од нив – 2.0-литарски „TSI“ со 180 КС, кој ќе наоѓа во топ-верзијата на возилото. Тој ќе се нуди со две трансмисии – 6-брзински мануелен и автоматски „DSG“ со две спојки.

suvk 01

„Skoda Kodiaq“ ќе се нуди како со преден погон, така и со систем за погон 4х4. За кросоверот ќе се нуди систем за динамична контрола на шасијата (Dynamic Chassis Control), која им овозможува во зависност од условите на патот да се дотеруваат суспензијата, чувствителноста на педалата, алгоритамот на работа на „DSG“-преносениот систем и системите за безбедност.

suvk 02

Возачот ќе може да смета на асистенти за безбедност како камера за кружно набљудување, асистент за влечење, систем кој автоматски управува со маневрирање, систем за помош при паркирање со можност за автоматско запирање при откривање на пречка, систем за предупредување при опасност од директен судир, систем за следење на лентата на движење, на сообраќајните знаци и на растојанието на возилото кое се придвижува напред.

suvk 03

Инфо-забавниот систем на „Skoda Kodiaq“ ќе може да се поврзе со уреди што работат со „iOS“ и „Android“. Топ-верзиите на моделот ќе располагаат со пристапна точка „Wi-Fi“ и модул 4G/LTE, кој со помош на онлајн-сервисот на „Skoda“ ќе може да ги проверува параметрите на возилото од далечина.

suvk 04

Должината на теренецот на Чесите ќе достигне 4700 мм, а во стандардната варијанта возилото ќе може да смести 5 патници, вклучувајќи го и возачот, а како опција ќе биде достапен трет ред седишта. Така тој ќе стане првиот модел на „Skoda“ со 7 седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП