1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии: Ferrari LaFerrari Spider

Први фотографии: Ferrari LaFerrari Spider

prvi fotos 00

По неколку месеци шпекулации и најави, „Ferrari“ ги објави првите фотографии од кабриолет верзијата на својот топ модел.

Италијанскиот производител не ги објави техничките карактеристики, како и податоците за планираниот број на автомобили кои ќе излезат од производниот погон, па поради тоа ќе мораме да почекаме до почетокот на есента и саемот за автомобили во Париз, кога „LaFerrari Spider“ ќе има официјална светска премиера.

prvi fotos 01

Сепак, се очекува дека верзијата со отворен покрив да го превземе хибридниот погонски систем од стандардниот „LaFerrari“, што значи дека автомобилот ќе располага со вкупно 963 ks кои ќе ги добива од „V12“ бензинец поврзан со електромотор. Покрај недостатокот на цврст покрив, конструкцијата на „Spider“ мораше да биде модифицирана со цел да се задржи истата крутост на каросеријата и да се спречи извртување во екстремни услови на возење.

Кога во мај се појавија првите информации за овој модел, се шпекулираше дека ќе бидат изработени само 70 автомобили и дека сите веќе се распродадени, а за цената не стануваше збор. Меѓутоа, на сајтот „Mobile.de“ тогаш се појави оглас во кој „LaFerrari Spider“ се продава за неверојатни 5,1 милион евра.

prvi fotos 02

Потсетуваме, цената на стандардниот „LaFerrari“ беше околу 1,3 милиони евра, а од погонот на овој италијански производител излегоа 499 примероци од овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП