16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon не забележува опаѓање на продажбата по одлуката за Brexit

Amazon не забележува опаѓање на продажбата по одлуката за Brexit

uk amazon 2424

„Amazon“ не се бори со пад на продажбата, откако Британците гласаа нивната земја да ја напушти Европската унија (ЕУ). Ова го откри новиот шеф на бизнисот на компанијата во Велика Британија, откако најави дека оваа година компанијата ќе отвори уште 1.000 работни места во земјата, пренесува „Ројтерс“.

„Нашата продажба одговара на нашите очекувања“, коментира менаџерот за Британија, Даг Гур.

Гур, кој стана шеф на „Amazon“ за земјата во мај, откако работеше во Кина, вели дека е премногу рано да се каже што ќе биде влијанието на одлуката од 23-ти јуни Британија да ја напушти ЕУ.

„Има многу детали за спецификација. Не знаеме точно каква ќе е регулаторната рамка, не знаеме точно кои ќе се условите од новото одвојување“, коментира тој.

Студијата која беше објавена минатата недела, покажува дека довербата на британските потрошувачи е намалена нагло во деновите по референдумот, а во вторникот компанијата за трговија на мало „John Lewis“ вели дека минатата недела нејзината продажба забележала мал раст.

Во вторникот шефот на „Sainsbury’s“, вториот најголема синџир на супермаркети во Велика Британија, изјави дека постои опасност земјата да западне во нова рецесија.

Од своја страна Гур изјави дека плановите на „Amazon“ за Велика Британија не се променети по гласањето за „Brexit“.

„Продолжуваме со плановите, одеднаш не сме направиле нови“, коментира тој.

Во средата „Amazon“ откри дека ќе отвори уште 1.000 работни места во Велика Британија во текот на оваа година. Тие се прилог на веќе најавените 2.500 во јануари. Компанијата планира да ја прошири својата основна канцеларија, центрите за истражување и развој, центарот за услуги на клиентите, „Amazon Web Services“ и студиото за модната фотографија.

Со новите работни места, кои ќе се со полно работно време, бројот на вработени на „Amazon“ во земјата ќе изнесува над 15.500 до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП