7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТочка на спорот: Во наредните 5 години нема откази

Точка на спорот: Во наредните 5 години нема откази

lufthansa pilotii

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ и синдикатот кој го застапува кабинскиот персонал постигнаа тригодишен договор за платите и работните услови.

Со договорот, по арбитражата, е ставен крај на долготрајниот спор.

Раководството на „Lufthansa“ и претставниците на синдикатот UFO официјално го прифатија предлогот на посредникот Матијас Плацек, поранешниот гувернер на германската сојузна држава Бранденбург, со кој се предвидува еднопроцентно зголемување на платите во октомври, после што ќе следи ново, двопроцентно зголемување вo јануари 2018 година, наведува агенијата АП.

Lufthansa исто така се согласи со тоа никој од кабинскиот персонал да не добие отказ во наредните пет години, а компанијата направи и измени во пензискиот систем за вработените.

Синдикатот UFO одржа низа штрајкови со цел раководството на авиокомпанијата да го натера да ги задоволи барањата на 19.000 членови на синдикатот, а во јануари оваа годна и двете страни се согласија на арбитража.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП