5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправeте сами: Маска за блескава кожа

Направeте сами: Маска за блескава кожа

маска-јагоди

Јагодите не се само слатки и вкусни, туку и многу здрави. Богатството од витамин Ц, влакна, магнезиум, фосфор, калциум, железо, ги прави делотворни за целиот организам.

Тие се одлични и за надворешна употреба, особено за нега и убавина. Доколку лицето ви изгледа уморно и безживотно, направете маска која за момент ќе ја нахрани и ќе и го врати сјајот на вашата кожа.

Изблендирајте шака јагоди и помешајте ги со една супена лажица млеко и со една измиксирана белка од јајце. Добиената смеса ставете ја на исчистено лице и држете ја 15-20 минути.

Потоа измијте се со топла вода и намачкајте го лицето со хидратантна крема. Ист ефект се добива и ако јагодите ги помешате со лажица павлака. Вашето лице ќе „процвета“ и ќе изгледа сјајно и блескаво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП