20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапите и најевтините автомобили за одржување

Најскапите и најевтините автомобили за одржување

odrzuvanje 300

Купувањето на нов автомобил бара одредена сума наведена во ценовните листови. И додека првичната инвестиција е јасна, трошоците на возилото во следните години обично не се познати на клиентите. Американското издание „YourMechanic“ изнесе детални информации токму за трошоците кои ги придружуваат новите возила во првите 10 години од користење.

Изданието се базира на сопствените статистики за вкупните трошоци за одржување, според кои најскапо излегува поседувањето на автомобил од брендот „BMW“. Во просек за 10 години користење германскиот луксузен модел бара 17.800 долари.

odrzuvanje 301

На второ место на листата, со опипливо помал износ – во просек 12.900 долари, следи другиот голем германски производител на луксузни автомобили – „Mercedes-Benz“. Приближно истите пари ги чинат своите сопственици автомобилите на „Cadilac“, „Volvo“ и „Audi“.

Од друга страна се јапонските марки на автомобили, станува јасно од статистиката на „YourMechanic“. Лидер во тој показател е „Toyota“ (просек 5.500 долари), а како најголемо изненадување е брендот „Lexus“, кој иако е позициониран во класата на „BMW“, „Mercedes-Benz“ и „Audi“ го чини својот сопственик само 7.000 долари за првите 10 години, или околу два пати помалку во однос на пазарните конкуренти.

odrzuvanje 302

Кај поединечните модели најевтин за поседување повторно е јапонски автомобил – хибридот „Toyota Prius“. Всушност листата е окупирана токму од азиски автомобили – вкупно 18 од 20.

Листата за најскапи за поседување автомобили ги предводи „Chrysler Sebring“, следен од „BMW 328i“ и „Nissan Murano“.

odrzuvanje 303

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП